Subject

Концепти и примена на големи податоци

1. Наслов на наставниот предмет Концепти и примена на големи податоци
Concepts and applications of big data
2. Код m23_w_039
3. Студиска програма
4. Организатор на студиската програма (единица, односно институт, катедра, оддел) Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство
5. Степен (прв, втор, трет циклус) Втор циклус
6. Академска година / семестар 9 / Зимски
7. Број на ЕКТС кредити 6
8. Наставник Ефтим Здравевски, Горан Велинов
9. Предуслови за запишување на предметот
10. Цели на предметната програма (компетенции) Целта на предметот е студентите да се запознаат со феноменот на големи податоци - причините за нивната појава и начините на нивно создавање, како и со теоретските и практичните концепти за моделирање и анализа на податоци со голем обем, брзина и разновидност. Ќе биде даден вовед во традиционалните системи за aнализа на податоци и предизвиците поврзани со големите податоци. Ќе бидат разгледани типични проблеми, апликации и системи поврзани со големи податоци. Од теоретски и практичен аспкет ќе биде проучен екоситемот изграден околу рамката Hadoop - намената, концептите и архитектурата на елементите на Hadoop и основните компоненти на екосистемот.
11. Содржина на предметната програма Генерирање на големи податоци. Реални примери со трите типови на извори на големи податоци: луѓе, организации и сензори.
Препознавање и опис на карактеристиките на големи податоци: волумен, брзина, променливост, разновидност, вредност, визуализација, валентност. Нивно влијание на собирањето, мониторингот, чувањето, анализата и генерирање извештаи.
Постапка за добивање вредност од големи податоци преку процес за структурирана анализа.
Предизвици и грешки во собирањето и анализата на големи податоци.
Опис на архитектурните компоненти на системите кои се користат за скалабилна анализа на големи податоци.
Податочно-водени стратегии за донесување одлуки.
Хоризонтално и вертикално партиционирање на податоците.
Предизвици со димензионално моделирање.
Модули на Hadoop рамката: Common, YARN, HDFS, MapReduce.
Основни компоненти на Hadoop екосистемот: HBase, Spark, Hive, Pig.
Алатки за визуализација на големи податоци.
12. Методи на учење Предавања поддржани со презентации преку слајдови, интерактивни предавања, вежби (користење на опрема и софтверски пакети), тимска работа, пример случаи, поканети гости предавачи, самостојна изработка и одбрана на проектна задача и семинарска работа, учење во електронско опкружување (форуми, консултации).
13. Вкупен расположив фонд на време 6 ЕКТС x 30 часа = 180 часа
14. Распределба на расположивото време 30 + 30 + 30 + 45 + 45 = 180 часа
15. Форми на наставните активности
15.1. Предавања - теоретска настава 30 часови
15.2. Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа 30 часови
16. Други форми на активности
16.1. Проектни задачи 45 часови
16.2. Самостојни задачи 30 часови
16.3. Домашно учење 45 часови
17. Начин на оценување
17.1. Тестови 30 бодови
17.2. Семинарска работа / проект ( презентација: писмена и усна) 45 бодови
17.3. Активности и учење 20 бодови
17.4. Завршен испит 0 бодови
18. Критериуми за оценување (бодови/ оценка)
до 50 бода5 (пет) (F)
од 51 до 60 бода6 (шест) (E)
од 61 до 70 бода7 (седум) (D)
од 71 до 80 бода8 (осум) (C)
од 81 до 90 бода9 (девет) (B)
од 91 до 100 бода10 (десет) (A)
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит реализирани активности 15.1 и 15.2
20. Јазик на кој се изведува наставата македонски и англиски
21. Метод на следење на квалитетот на наставата механизам на интерна евалуација и анкети
22. Литература
22.1. Задолжителна литература
1. Thomas Erl, Wajid Khattak, Paul Buhler | Big Data Fundamentals: Concepts, Drivers & Techniques | Prentice Hall | 2016
2. Yu, Shui, Guo, Song | Big Data Concepts, Theories, and Applications | Springer | 2016
3. Sourav Mazumder,‎ Robin Singh Bhadoria,‎ Ganesh Chandra Deka | Distributed Computing in Big Data Analytics: Concepts, Technologies and Applications | Springer | 2017
4. Martin Atzmueller, Samia Oussena, Thomas Roth-Berghofer | Enterprise Big Data Engineering, Analytics, and Management | IGI Global | 2016
22.2. Дополнителна литература
Ред.бр. Автор Наслов Издавач Година