Subject
Менаџмент на човечки ресурси
| 1. | Наслов на наставниот предмет |
Менаџмент на човечки ресурси Human resource Management |
||||||||||||
| 2. | Код | m23_w_029 | ||||||||||||
| 3. | Студиска програма | — | ||||||||||||
| 4. | Организатор на студиската програма (единица, односно институт, катедра, оддел) | Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство | ||||||||||||
| 5. | Степен (прв, втор, трет циклус) | Втор циклус | ||||||||||||
| 6. | Академска година / семестар | 9 / Зимски | ||||||||||||
| 7. | Број на ЕКТС кредити | 6 | ||||||||||||
| 8. | Наставник | Смилка Јанеска Саркањац | ||||||||||||
| 9. | Предуслови за запишување на предметот | — | ||||||||||||
| 10. | Цели на предметната програма (компетенции) | Курсот има за цел да ги воведе студентите во проблематиката на управување со човечки ресурси, како еден од најважните ресурси во компанијата. Со успешно завршување на курсот, студентот ќе може самостојно да идентификува, анализира и решава проблеми поврзани со менаџирање на човечките ресурси, да изврши правилно регрутирање и селекција на вработени, да евалуира програми за обука, развој и менаџмент на перформаси, да ја разбере природата на односите меѓу вработените и да планира и извршува други активности со цел вработените да придонесуваат кон успехот на компанијата на наефективен и најефикасен начин. | ||||||||||||
| 11. | Содржина на предметната програма | Улогата на човечките ресурси во развојот и поддршката на мисијата, визијата, вредностите, стратегиските цели, во формулирањето на политиките, водење на процесот на промени, и евалуација на придонесот на човечките ресурси во ефективноста на компанијата. Темите опфаќаат мерење на човечкиот капитал, улогата на менаџерот во стратегиско планирање на човечките ресурси, планирање на потребите од човечки ресурси, регрутирање на вработени, тестирање и селекција, интервјуирање на кандидатите, обука и развој на вработените, менаџмент на перформанси, развој на кариера, менаџмент на таленти, воспоставување стратегиски планови за плати и надоместоци, плата според перформанси, финансиска мотивација и бенефиции, етика, праведност и фер третман, менаџмент на човечки ресурси во претприемнички компании. | ||||||||||||
| 12. | Методи на учење | -Предавања поддржани со презентации преку слајдови, интерактивни предавања, вежби | ||||||||||||
| 13. | Вкупен расположив фонд на време | 6 ЕКТС x 30 часа = 180 часа | ||||||||||||
| 14. | Распределба на расположивото време | 30 + 0 + 0 + 0 + 0 = 180 часа | ||||||||||||
| 15. | Форми на наставните активности |
|
||||||||||||
| 16. | Други форми на активности |
|
||||||||||||
| 17. | Начин на оценување |
|
||||||||||||
| 18. | Критериуми за оценување (бодови/ оценка) |
|
||||||||||||
| 19. | Услов за потпис и полагање на завршен испит | Нема | ||||||||||||
| 20. | Јазик на кој се изведува наставата | Англиски и македонски | ||||||||||||
| 21. | Метод на следење на квалитетот на наставата | Студентска анкета | ||||||||||||
| 22. | Литература |
|