Subject

Случајни процеси

1. Наслов на наставниот предмет Случајни процеси
Random processes
2. Код m23_s_238
3. Студиска програма
4. Организатор на студиската програма (единица, односно институт, катедра, оддел) Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство
5. Степен (прв, втор, трет циклус) Втор циклус
6. Академска година / семестар 10 / Летен
7. Број на ЕКТС кредити 6
8. Наставник Александра Поповска Митровиќ, Верица Бакева
9. Предуслови за запишување на предметот
10. Цели на предметната програма (компетенции) Случајните процеси се математички модел со кој се моделираат многу процеси во компјутерските науки. Целта на овој курс е воведување во теоријата на случајни процеси, проучување на карактеристиките на специјалните случајни процеси, за да истите може да се искористат за моделирање на реални процеси
11. Содржина на предметната програма Случајни процеси: дефиниција, карактеристики, класификација, трансформации.Стационарност на случајни процеси. Процеси со независни стационарни прираснувања; Маркови процеси со дискретно и непрекинато множество состојби: процеси на раѓање и умирање; Вериги на Марков, Вгнездени вериги на Марков.
Специјални случајни процеси: случајно талкање, Поасонов, Винеров процес. Разгранувачки процеси. Процеси на обнова.
Напредни редици на чекање.
12. Методи на учење Предавања, проекти, дискусии, работилници
13. Вкупен расположив фонд на време 6 ЕКТС x 30 часа = 180 часа
14. Распределба на расположивото време 60 + — + 45 + 45 + 30 = 180 часа
15. Форми на наставните активности
15.1. Предавања - теоретска настава 60 часови
15.2. Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа — часови
16. Други форми на активности
16.1. Проектни задачи 45 часови
16.2. Самостојни задачи 45 часови
16.3. Домашно учење 30 часови
17. Начин на оценување
17.1. Тестови 0 бодови
17.2. Семинарска работа / проект ( презентација: писмена и усна) 45 бодови
17.3. Активности и учење 0 бодови
17.4. Завршен испит 70 бодови
18. Критериуми за оценување (бодови/ оценка)
до 50 бода5 (пет) (F)
од 51 до 60 бода6 (шест) (E)
од 61 до 70 бода7 (седум) (D)
од 71 до 80 бода8 (осум) (C)
од 81 до 90 бода9 (девет) (B)
од 91 до 100 бода10 (десет) (A)
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит Реализирани активности 15, 16
20. Јазик на кој се изведува наставата Македонски и англиски
21. Метод на следење на квалитетот на наставата Механизам на интерна евалуација и анкети
22. Литература
22.1. Задолжителна литература
1. Frank Beichelt, L. Paul Fatti | Stochastic Processes and Their Applications | CRC Press | 2001
2. Howard M. Taylor, Samuel Karlin | An Introduction to Stochastic Modeling | Academic Press | 1998
3. Верица Бакева, Магдалена Георгиева | Случајни процеси | интерна скрипта
22.2. Дополнителна литература
Ред.бр. Автор Наслов Издавач Година