Subject
Дигитална трансформација
| 1. | Наслов на наставниот предмет |
Дигитална трансформација Digital transformation |
||||||||||||
| 2. | Код | m23_s_226 | ||||||||||||
| 3. | Студиска програма | — | ||||||||||||
| 4. | Организатор на студиската програма (единица, односно институт, катедра, оддел) | Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство | ||||||||||||
| 5. | Степен (прв, втор, трет циклус) | Втор циклус | ||||||||||||
| 6. | Академска година / семестар | 10 / Летен | ||||||||||||
| 7. | Број на ЕКТС кредити | 6 | ||||||||||||
| 8. | Наставник | — | ||||||||||||
| 9. | Предуслови за запишување на предметот | — | ||||||||||||
| 10. | Цели на предметната програма (компетенции) | Целта на курсот е студентот да се запознае со областа на дигитизација за примена на целосна дигитална трансформација на ниво на цело претпријатие или институција и да се обучи да води проекти за дигитална трансформација со користење на технологии за формирање целосна дигитална понуда, како и да го води одржувањето на постојните решенија како резултат од претходна дигитална трансформација. Компетенции кои се очекува да ги стекне студентот по завршувањето со предметот: - Разбирање на важноста на целосната дигитална трансформација - Способност за водење и учество во проекти кои опфаќаат процеси на дигитизација на ниво на цело претпријатие или институција - Примена на технологии за формирање на дигитални услуги за креирање на сопствена дигитална понуда - Аргументирана анализа и критика на минати проекти на дигитална трансформација и постојни дигитални понуди |
||||||||||||
| 11. | Содржина на предметната програма | Теми обработени во рамките на овој предмет: - Концепти на дигитална трансформација, дигитизација на ниво на цело претпријатие или институција. - Дигитални услуги и дигитална понуда наспроти класични услуги и понуда. - Технологии за формирање, презентација и понуда на дигитални услуги. - Методологии на развој и одржување на дигитизациски проекти. - Планирање на проекти за дигитална трансформација. - Животен циклус на дигитална трансформација на ниво на цело претпријатие или институција. - Активности во подготвителна фаза за дигитизација. - Дигитизациски процеси за целосна дигитална трансформација. - Пост-дигитизациски активности и подготовка за формирање на дигитални услуги. - Презентација и имплементација на дигитални услуги – технологии кои овозможуваат дигитална трансформација и дигитална понуда - Избор на најсоодветни технологии за дигитална трансформација и дигитална понуда - Овозможување на дигитална понуда во сопствена режија и овозможување во облак - предности и негативности. - Одржување на дигитална понуда. |
||||||||||||
| 12. | Методи на учење | - Предавања и вежби со дискусии базирани на примери, анализа на различни достапни примери - Компјутерски потпомогнато учење - Електронско и учење на далечина - Групно истражување и развој - Користење на релевантни софтверски алатки - Изработка на проект и одбрана на проектот | ||||||||||||
| 13. | Вкупен расположив фонд на време | 6 ЕКТС x 30 часа = 180 часа | ||||||||||||
| 14. | Распределба на расположивото време | 30 + 30 + 15 + 90 + 15 = 180 часа | ||||||||||||
| 15. | Форми на наставните активности |
|
||||||||||||
| 16. | Други форми на активности |
|
||||||||||||
| 17. | Начин на оценување |
|
||||||||||||
| 18. | Критериуми за оценување (бодови/ оценка) |
|
||||||||||||
| 19. | Услов за потпис и полагање на завршен испит | 50% од активностите и првична верзија од проектот | ||||||||||||
| 20. | Јазик на кој се изведува наставата | македонски, англиски | ||||||||||||
| 21. | Метод на следење на квалитетот на наставата | механизам на интерна евалуација и анкети | ||||||||||||
| 22. | Литература |
|