Subject
Аналитика на големи податоци и дистрибуирани податоци
| 1. | Наслов на наставниот предмет |
Аналитика на големи податоци и дистрибуирани податоци Big Data and Distributed Data Analytics |
||||||||||||
| 2. | Код | m23_s_211 | ||||||||||||
| 3. | Студиска програма | — | ||||||||||||
| 4. | Организатор на студиската програма (единица, односно институт, катедра, оддел) | Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство | ||||||||||||
| 5. | Степен (прв, втор, трет циклус) | Втор циклус | ||||||||||||
| 6. | Академска година / семестар | 10 / Летен | ||||||||||||
| 7. | Број на ЕКТС кредити | 6 | ||||||||||||
| 8. | Наставник | Милош Јовановиќ, Вангел Ајановски | ||||||||||||
| 9. | Предуслови за запишување на предметот | — | ||||||||||||
| 10. | Цели на предметната програма (компетенции) | Целта на курсот е студентот да се запознае со концептите на големи податоци, и процес на нивна анализа од дистрибуирано масовно складирање, до дистрибуирано масовно процесирање (во живо во текот на собирање или по собирањето) и анализи на резултатите од процесирањето на податоците со цел поддршка на одлучување, бизнис подобрување и подобрување на текови и процеси. Компетенции кои се очекува да ги стекне студентот по завршувањето со предметот: - да познава техники и методи за масовно дистрибуирано складирање на големи податоци - да познава техники и методи за масовна дистрибуирана подготовка на големи податоци за идна обработка - да познава техники и методи за масовно и дистрибуирано процесирање и анализа на големи податоци - да ги примени стекнатите знаења во конкретен реален проект за складирање, обработка и процесирање и анализа на дистрибуирани и големи податоци - да ги оспособи идните архитекти да проектираат дистрибуирани решенија за управување со податоци, - да ги оспособи софтверските инженери да проектираат софтверски решенија во облак кои се базираат над диструбирани бази податоци, - да им ги презентира фундаменталните принципи и техники на идните истражувачи од областа, и да им даде основа за идна самостојна истражувачка работа |
||||||||||||
| 11. | Содржина на предметната програма | Теми обработени во рамките на овој предмет: - Вовед во големи податоци. Потреба и вредност на големи податоци. Големи податоци од социјални мрежи. - Моделирање на големи податоци и статистичка обработка на големи податоци. - Пребарување и рударење на големи податоци. - Научни апликации со големи податоци. - Приватност, интегритет и заштита на големи податоци. - Вовед во дистрибуирано процесирање податоци. - Алатки, алгоритми и техники за програмирање за процесирање на големи податоци, како HDFS, MapReduce, Zookeeper, HBase и други. - Дизајн и архитектура на дистрибуирани податоци и дистрибуирани системи на бази податоци. - Процесирање прашалници во дистриубирана средина. - Диструбуирана контрола на конкурентен пристап и концепти на евентуална конзистентност. - Управување со дистрибуирани бази податоци. - Процесирање прашалници во дистриубирана средина - Стриминг на податоци и пресметување во облак - Управување со NoSQL за големи податоци. Graph Analytics. |
||||||||||||
| 12. | Методи на учење | - Предавања и вежби со дискусии базирана на примери, анализа на различни достапни примери - Компјутерски потпомогнато учење - Електронско и учење на далечина - Групно истражување и развој - Користење на релевантни софтверски алатки - Изработка на проект и одбрана на проектот | ||||||||||||
| 13. | Вкупен расположив фонд на време | 6 ЕКТС x 30 часа = 180 часа | ||||||||||||
| 14. | Распределба на расположивото време | 30 + 30 + 15 + 90 + 15 = 180 часа | ||||||||||||
| 15. | Форми на наставните активности |
|
||||||||||||
| 16. | Други форми на активности |
|
||||||||||||
| 17. | Начин на оценување |
|
||||||||||||
| 18. | Критериуми за оценување (бодови/ оценка) |
|
||||||||||||
| 19. | Услов за потпис и полагање на завршен испит | 50% од активностите и првична верзија од проектот | ||||||||||||
| 20. | Јазик на кој се изведува наставата | македонски, англиски | ||||||||||||
| 21. | Метод на следење на квалитетот на наставата | механизам на интерна евалуација и анкети | ||||||||||||
| 22. | Литература |
|