Subject

Стратегиски менаџмент во ИТ

1. Наслов на наставниот предмет Стратегиски менаџмент во ИТ
Strategic management in IT
2. Код m23_s_067
3. Студиска програма
4. Организатор на студиската програма (единица, односно институт, катедра, оддел) Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство
5. Степен (прв, втор, трет циклус) Втор циклус
6. Академска година / семестар 10 / Летен
7. Број на ЕКТС кредити 6
8. Наставник Смилка Јанеска Саркањац
9. Предуслови за запишување на предметот
10. Цели на предметната програма (компетенции) Со успешно завршување на курсот, студентот ќе може самостојно стратегиски да размислува за една комапнија, за нејзината сегашна бизнис позиција, нејзината насока на долг рок, нејзините ресурси и конкурентски способности, да формулира стратегии и да постигне одржлива конкурентска предност; да стекне вештини за спроведување стратегиска анализа во различни индустрии и конкурентски ситуации; да изработи бизнис стратегија, промислувајќи внимателно за стратегиските можности, и да донесува издржани стратегиски одлуки; да ги разбере менаџерските задачи кои произлегуваат од имплементација на стратегијата на компанијата; да ја разбере потребата бизнисот да се менаџира стратегиски; да знае како да ги процени ризиците за да донесе здрави одлуки и да постигне ефективни резултати.
11. Содржина на предметната програма Вовед во концептот на стратегиски менаџмент, контекст во кој се одвива стратегискиот менаџмент, спроведување на екстерна анализа и проценка на можности и закани, спроведување на интерна анализа и проценка на предности и слабости, функционални стратегии, конкурентски стратегии, корпоративни стратегии, меѓународни стратегии, стратегии за претприемачки потфати и за непрофитни организации, технологија и стратегија, стратегиски менаџмент на ИКТ, извршување на стратегии, оценување и контрола на стратегијата, менаџерите и стратегискиот менаџмент.
12. Методи на учење Предавања поддржани со презентации преку слајдови, интерактивни предавања, вежби
13. Вкупен расположив фонд на време 6 ЕКТС x 30 часа = 180 часа
14. Распределба на расположивото време 30 + 0 + 0 + 0 + 0 = 180 часа
15. Форми на наставните активности
15.1. Предавања - теоретска настава 30 часови
15.2. Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа 0 часови
16. Други форми на активности
16.1. Проектни задачи 0 часови
16.2. Самостојни задачи 0 часови
16.3. Домашно учење 0 часови
17. Начин на оценување
17.1. Тестови 50 бодови
17.2. Семинарска работа / проект ( презентација: писмена и усна) 0 бодови
17.3. Активности и учење 10 бодови
17.4. Завршен испит 50 бодови
18. Критериуми за оценување (бодови/ оценка)
до 50 бода5 (пет) (F)
од 51 до 60 бода6 (шест) (E)
од 61 до 70 бода7 (седум) (D)
од 71 до 80 бода8 (осум) (C)
од 81 до 90 бода9 (девет) (B)
од 91 до 100 бода10 (десет) (A)
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит Нема
20. Јазик на кој се изведува наставата македонски и англиски
21. Метод на следење на квалитетот на наставата Студентска анкета
22. Литература
22.1. Задолжителна литература
1. Fred R. David, Forest R. David | STRATEGIC MANAGEMENT Concepts and Cases | Pearson | 2017
22.2. Дополнителна литература
Ред.бр. Автор Наслов Издавач Година