Subject
Линеарно програмирање
| 1. | Наслов на наставниот предмет |
Линеарно програмирање Linear Programming |
||||||||||||
| 2. | Код | m23_s_060 | ||||||||||||
| 3. | Студиска програма | — | ||||||||||||
| 4. | Организатор на студиската програма (единица, односно институт, катедра, оддел) | Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство | ||||||||||||
| 5. | Степен (прв, втор, трет циклус) | Втор циклус | ||||||||||||
| 6. | Академска година / семестар | 10 / Летен | ||||||||||||
| 7. | Број на ЕКТС кредити | 6 | ||||||||||||
| 8. | Наставник | Методија Јанчески | ||||||||||||
| 9. | Предуслови за запишување на предметот | — | ||||||||||||
| 10. | Цели на предметната програма (компетенции) | Целта на курсот е студентите да се запознаат со математичката теорија на линеарното програмирање, со пресметувачките аспекти и најпопуларните практични примени на линеарното програмирање. По завршување на курсот кандидатите: ќе имаат продлабочени знаења за повеќе различни алгоритми на линеарното програмирање и ќе бидат оспособени за решавање на широк спектар задачи од областа на економските и техничките истражувања, од практиката на планирањето и организацијата на производство и од управување на системи поврзани со наоѓање најмала (или најголема) вредност на некоја функција од голем број на променливи. | ||||||||||||
| 11. | Содржина на предметната програма | 1. Елементи од теоријата на конвексни полиедри (конвексни множества, пар заемно-дуални системи линеарни равенки и неравенки, конвексни конуси, конвексни многустрани конуси, конвексни многустрани множества, конвексни полиедри) 2. Задача на линеарното програмирање (ЛП) (еквивалентна форма на ЛП задачата, допустлива област, екстремални програми, стандарден вид на ЛП-задача, базни програми, геометриска интерпретација на ЛП-задачата во Rn и Rm) 3. Симплекс метод (основни теореми на методот симплекс, симплекс алгоритам, наоѓање почетна базна програма, дегенерација и цикл, лексикографски облик на методот симплекс, модифициран симплекс алгоритам) 4. Дуалност во линеарното програмирање (дефиниција на пар заемно-дуални ЛП-задачи, основна теорема во дуалноста, функција на Лагранж за парот заемно-дуални ЛП-задачи, дуален симплекс алгоритам, наоѓање почетно дуално допустливо решение, економска интерпретација на парот заемно-дуални задачи, матрични игри и дуалност) 5. Специјални ЛП-задачи и методи (класична транспортна задача, правило на северозападниот агол, решение на класична транспортна задача, варијанти на транспортната задача, ЛП задача со блок-структура, постоптимални задачи, параметарски задачи) 6. Дискретно програмирање (примери на целобројни задачи, методи на отсекување, дискретен алгоритам, цикличен алгоритам, приближни методи, адитивен алгоритам, алгоритам на Белман) |
||||||||||||
| 12. | Методи на учење | Предавања поддржани со презентации преку слајдови, интерактивни предавања, вежби, тимска работа, студии на случај, самостојна изработка и одбрана на проектна задача и семинарска работа. Покрај методот на усно излагање, ќе се применуваат активните методи на учење како: метод на проблемска настава, метод на проектна настава, метод на истражување, метод на самостојна работа и други. | ||||||||||||
| 13. | Вкупен расположив фонд на време | 6 ЕКТС x 30 часа = 180 часа | ||||||||||||
| 14. | Распределба на расположивото време | 50 + 30 + 20 + 40 + 40 = 180 часа | ||||||||||||
| 15. | Форми на наставните активности |
|
||||||||||||
| 16. | Други форми на активности |
|
||||||||||||
| 17. | Начин на оценување |
|
||||||||||||
| 18. | Критериуми за оценување (бодови/ оценка) |
|
||||||||||||
| 19. | Услов за потпис и полагање на завршен испит | — | ||||||||||||
| 20. | Јазик на кој се изведува наставата | македонски | ||||||||||||
| 21. | Метод на следење на квалитетот на наставата | механизам на интерна евалуација и анкети | ||||||||||||
| 22. | Литература |
|