Subject

Системи за препорачување, виртуелно насочување и виртуелна самопомош при совладување на знаењето

1. Наслов на наставниот предмет Системи за препорачување, виртуелно насочување и виртуелна самопомош при совладување на знаењето
Recommender systems, virtual guidance and virtual self-help in mastering knowledge
2. Код m23_s_041
3. Студиска програма
4. Организатор на студиската програма (единица, односно институт, катедра, оддел) Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство
5. Степен (прв, втор, трет циклус) Втор циклус
6. Академска година / семестар 10 / Летен
7. Број на ЕКТС кредити 6
8. Наставник Вангел Ајановски
9. Предуслови за запишување на предметот
10. Цели на предметната програма (компетенции) Целта на курсот е студентот да се запознае со напредни методи и технологии кои овозможуваат виртуелно насочување во совладувањето на знаењето, препорачување теми од интерес, препорачување патеки и системи за само-помош во насока на спречување на потенцијалните проблеми. Освен во образовната сфера, предметот е корисен и за студенти од комерцијалните сфери особено во насока на подобра организација на човечките ресурси базирана на проценка на совладувањето на знаењата.

Компетенции кои се очекува да ги стекне студентот по завршувањето со предметот:
- Разбирање на методи и техники за мапирање на знаењата
- Разбирање на методи и техники за проценка на успехност и ризик во совладување на знаењата
- Користење на технологии за анализа на податоци во насока на мапирање на знаењата, оценка на успешноста и ризикот
- Користење на технологии за визуелизација на просторот на знаење
- Имлементирање на интегрирани системи за мапирање, визуелизација, навигација, препорачување, насочување и само-помош со користење на готови технологии
11. Содржина на предметната програма Теми обработени во рамките на овој предмет:
- Вовед во автоматизирано откривање на интереси и виртуелно насочување.
- Методи за мапирање на подрачјата, областите, темите и компетенциите во една сфера на интерес.
- Методи за оценка на успешност во совладување на знаењата.
- Методи за откривање интерес во совладувања на знаењата.
- Визуелизација и навигација низ просторот на знаење.
- Социјална навигација и колаборативно дефинирање интереси.
- Методи за просторна самоориентација низ просторот на знаењето.
- Методи за препорачување патеки на движење низ просторот на знаење.
- Методи за препорачување интересни области и теми за учење персонализирани за корисникот.
- Оценување на квалитет на мапирање на просторот на знаење.
- Оценување на квалитет на препораки .
- Водичи низ кариера.
- Укажувачи на проблематични региони во просторот на знаење, проценка на импакт.
- Имплементација на интегрирани системи за виртуелно водење низ совладувањето на знаењата, препорачување и само-помош.
12. Методи на учење - Предавања и вежби со дискусии базирани на примери, анализа на различни достапни примери - Компјутерски потпомогнато учење - Електронско и учење на далечина - Групно истражување и развој - Користење на релевантни софтверски алатки - Изработка на проект и одбрана на проектот
13. Вкупен расположив фонд на време 6 ЕКТС x 30 часа = 180 часа
14. Распределба на расположивото време 30 + 30 + 15 + 90 + 15 = 180 часа
15. Форми на наставните активности
15.1. Предавања - теоретска настава 30 часови
15.2. Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа 30 часови
16. Други форми на активности
16.1. Проектни задачи 90 часови
16.2. Самостојни задачи 15 часови
16.3. Домашно учење 15 часови
17. Начин на оценување
17.1. Тестови 0 бодови
17.2. Семинарска работа / проект ( презентација: писмена и усна) 90 бодови
17.3. Активности и учење 30 бодови
17.4. Завршен испит 15 бодови
18. Критериуми за оценување (бодови/ оценка)
до 50 бода5 (пет) (F)
од 51 до 60 бода6 (шест) (E)
од 61 до 70 бода7 (седум) (D)
од 71 до 80 бода8 (осум) (C)
од 81 до 90 бода9 (девет) (B)
од 91 до 100 бода10 (десет) (A)
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит 50% од активностите и првична верзија од проектот
20. Јазик на кој се изведува наставата македонски, англиски
21. Метод на следење на квалитетот на наставата механизам на интерна евалуација и анкети
22. Литература
22.1. Задолжителна литература
1. Ricci, Francesco, Rokach, Lior, Shapira, Bracha (Eds.) | Recommender Systems Handbook | Springer | 2015
2. Aggarwal, Charu C. | Recommender Systems The Textbook | Springer | 2016
3. Manouselis, N., Drachsler, H., Verbert, K., Santos, O.C. (Eds.) | Recommender Systems for Technology Enhanced Learning | Springer | 2014
4. R. Sottilare, A. Graesser, X. Hu, and A.M. Sinatra (Eds.). | Design Recommendations for Intelligent Tutoring Systems Vol. 1-7 | US Army CCDC | 2019
5. Селекција на значајни и актуелни истражувачки трудови од областа –дадени во печатена или електронска форма користат во активностите
6. Електронска документација од страниците на производителите на системите кои се користат во активностите
22.2. Дополнителна литература
Ред.бр. Автор Наслов Издавач Година