Subject
Управување со квалитетот на софтверот
| 1. | Наслов на наставниот предмет |
Управување со квалитетот на софтверот Software quality management |
||||||||||||
| 2. | Код | m23_s_030 | ||||||||||||
| 3. | Студиска програма | Софтверско инженерство | ||||||||||||
| 4. | Организатор на студиската програма (единица, односно институт, катедра, оддел) | Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство | ||||||||||||
| 5. | Степен (прв, втор, трет циклус) | Втор циклус | ||||||||||||
| 6. | Академска година / семестар | 10 / Летен | ||||||||||||
| 7. | Број на ЕКТС кредити | 6 | ||||||||||||
| 8. | Наставник | Анастас Мишев, Ивица Димитровски, Сузана Лошковска | ||||||||||||
| 9. | Предуслови за запишување на предметот | — | ||||||||||||
| 10. | Цели на предметната програма (компетенции) | Целта на курсот е да ги воведе студентите во техниките за управување со квалитетот на софтверот. Областите што ги покрива курсот вклучуваат процес на менаџирање на софтерскиот квалитет, тестирање на софтвер, цели на тестирањето на софтверот, техники за избор на тестови и метрики, дизајнирање на тестови, изведување на тестовите, анализа на податоците добиени од тестовите, животен циклус на тестовите. По завршување на курсот студентот ќе може - да демонстрира знаење за концептите на процесот на управување со квалитетот на софтверот; - да дизајнира тестови за различни видови апликации; - да го реализира тестирањето; - да ги интерпретира резултатите од тестирањето и истите да ги примени за подобрување на квалитетот на софтверот. |
||||||||||||
| 11. | Содржина на предметната програма | Квалитет на софтвер и процес за управување со квалитетот на софтверот. Развој на софтвер и животен циклус на тестирањето. Пристапи за тестирање на софтвер. Видови тестови во фазите на развој на софтвер. Техники за избор на тестови базирани на критериуми за покривање (простор на влезни вредности, логика на извршување на акции, синтаксно базирано тестирање). Планирање на тестирањето и изработка на документација. Алатки за автоматизирано извршување на тестови. | ||||||||||||
| 12. | Методи на учење | Предавања поддржани со презентации преку слајдови, интерактивни предавања, вежби (користење на опрема и софтверски пакети), тимска работа, пример случаи, поканети гости предавачи, самостојна изработка и одбрана на проектна задача и семинарска работа, учење во електронско опкружување (форуми, консултации). | ||||||||||||
| 13. | Вкупен расположив фонд на време | 6 ЕКТС x 30 часа = 180 часа | ||||||||||||
| 14. | Распределба на расположивото време | 60 + — + 45 + 60 + 45 = 180 часа | ||||||||||||
| 15. | Форми на наставните активности |
|
||||||||||||
| 16. | Други форми на активности |
|
||||||||||||
| 17. | Начин на оценување |
|
||||||||||||
| 18. | Критериуми за оценување (бодови/ оценка) |
|
||||||||||||
| 19. | Услов за потпис и полагање на завршен испит | NULL | ||||||||||||
| 20. | Јазик на кој се изведува наставата | македонски и англиски | ||||||||||||
| 21. | Метод на следење на квалитетот на наставата | механизам на интерна евалуација и анкети | ||||||||||||
| 22. | Литература |
|