Subject
Сервиси во облак за мобилни системи
| 1. | Наслов на наставниот предмет |
Сервиси во облак за мобилни системи Cloud services for mobile systems |
||||||||||||
| 2. | Код | m23_s_013 | ||||||||||||
| 3. | Студиска програма | — | ||||||||||||
| 4. | Организатор на студиската програма (единица, односно институт, катедра, оддел) | Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство | ||||||||||||
| 5. | Степен (прв, втор, трет циклус) | Втор циклус | ||||||||||||
| 6. | Академска година / семестар | 10 / Летен | ||||||||||||
| 7. | Број на ЕКТС кредити | 6 | ||||||||||||
| 8. | Наставник | Ефтим Здравевски, Владимир Трајковиќ | ||||||||||||
| 9. | Предуслови за запишување на предметот | — | ||||||||||||
| 10. | Цели на предметната програма (компетенции) | Употребата на повеќејадрени процесори во мобилните уреди побарува нивно поголемо искористување. Предметот ќе ги запознае студентите со архитектури за скалабилни мобилни и веб апликации во облак, односно поврзување и употреба на еластичниот складишен простор и пресметковни ресурси од облакот како надополнување на недостатокот на овие ресурси во мобилните уреди. |
||||||||||||
| 11. | Содржина на предметната програма | Примена на шаблони, јазици за шаблони и рамки за полесен развој на конкурентни и мрежни сервиси на мобилни уреди. Поврзување со популарни платформи за пресметување во облак. Механизми за конкурентност. Координација на конкурентност и комуникација кај прис тапи со споделена меморија. Справување со: пристап до сервис, мобилна комуникација, комуникација со облак, рутирање на барање, справување со сесија, доследност на податоци, синхронизација и распоредување, справување со синхрони и асинхрони настани, безбедност и сигурност. Клиент-сервер и рамноправни (peer-to-peer) архитектури. Користење на еластичен облак. Мобилен облак. Технологии и предизвици. Поставување на мобилна апликација на инстанца во облак Google App Engine или Amazon EC2. Интеракција со складиште и складирање на податоци. Автентикација и авторизација (A2cloud). Дизајн на скалабилност. Технологии и архитектури за скалабилни веб и мобилни решенија. Управување на ресурси за мобилен облак. Користење на далечната пресметковна моќ на облакот. Протоколи за транспорт. Мрежи за мобилен видео облак. QoS во мобилен облак. Концепт на посредник до мобилен облак (Cloudlet). |
||||||||||||
| 12. | Методи на учење | Предавања, вежби, самостојна работа, проектни задачи, семинарски работи | ||||||||||||
| 13. | Вкупен расположив фонд на време | 6 ЕКТС x 30 часа = 180 часа | ||||||||||||
| 14. | Распределба на расположивото време | 30 + 15 + 0 + 0 + 0 = 180 часа | ||||||||||||
| 15. | Форми на наставните активности |
|
||||||||||||
| 16. | Други форми на активности |
|
||||||||||||
| 17. | Начин на оценување |
|
||||||||||||
| 18. | Критериуми за оценување (бодови/ оценка) |
|
||||||||||||
| 19. | Услов за потпис и полагање на завршен испит | реализирани активности 15.1 и 15.2 | ||||||||||||
| 20. | Јазик на кој се изведува наставата | македонски и англиски | ||||||||||||
| 21. | Метод на следење на квалитетот на наставата | интерна евалуација и анкети, според модел даден во глава 8.5. | ||||||||||||
| 22. | Литература |
|