Телекомуникациската компанија Vip и Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) потпишаа договор за меѓусебна соработка на научно- истражувачки, развојни и образовни проекти за уште поголем ангажман од двете страни во унапредувањето на знаењето и достигнувањата во областа на информатичките технологии. 

Со овој договор студентите на ФИНКИ добиваат можност за работа на заеднички проекти со цел унапредување на стекнатото знаење од стручните предмети и нивна подготовка за извршување на работни задачи од областа на информатичката технологија

На настанот посветен на официјалното потпишување на договорот за меѓусебна соработка, пред студентите и професорите од ФИНКИ, од страна на техничкиот директор на Vip беше презентирана и најновата технолошка иновација на македонскиот телекомуникациски пазар, виртуелниот советник - “Славчо” кој е базиран на вештачка интелигенција и е првиот четбот кој разбира и пишува македонски. 

20181113135141.jpg  

img_7555.jpg

img_7579.jpg

0