Почитувани студенти,

Ве известуваме дека на 01.10.2019 година во 10:00 часот во Македонската филхармонија ќе се одржи првиот академски час за учебната 2019/2020 година на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

На првиот академски час, свое обраќање ќе имаат и директор на Фондот за иновации и технолошки развој, господин Јован Деспотовски, директоркa на Комората за ИКТ, МАСИТ, госпоѓа Анита Никова, Горјан Јовановски, креаторот на  апликацијата „Мој воздух“ и д-р Томе Ефтимов – најдобар млад научник од нашата земја за 2018 година.

На овој час се поканети сите новозапишани студенти.

За сите останати студенти наставата почнува во среда (02.10.2019) согласно распоредот кој ќе биде дополнително објавен на нашата веб страна.

1_3.jpg

44118265525_62da50f812_o_1.jpg

3_3.jpg 

untitled_4.png 

jovan-despotovski-direktor-fond-za-inovacii5540_0.jpg

anita.jpg

stage-gorjan-jovanovski-600x400_0.jpg 

tome_0.jpg

 

 

 

 

 

 

 

0