На 16ти октомври, 2019, со почеток од 17:00 часот, во просториите на ФИНКИ во Скопје, Шведската амбасада, во соработка со канцеларијата на UN Women во Скопје, во партнерство со ФИНКИ и НВОи од областа на граѓанскиот и женскиот активизам, независни експерти, и академската сфера, како и со поддршка на тимот на Споделено знаење - Викимедија Македонија (Википедија на македонски јазик), ќе организира 2 издание на  Wikigap edit-a-thon за зголемување на бројот на текстови за истакнати жени од Северна Македонија и од светот, или значајни настани за родовата еднаквост на Википедија, со посебен акцент на човековите права и развојот и унапредувањето на демократијата.

Идејата е да профилираме жени од Северна Македонија и од светот кои направиле значајна промена во различни полиња на општественото живеење, со акцент на човековите права и развојот и унапредувањето на демократијата (уметност, наука, бизнис, борки за женски, социјални, општествени права...), посебно жени за кои не може да се најдат податоци така лесно.

Статиите ќе бидат на македонски јазик и можат да бидат од два типа: а) статии за жени за кои нема статија на Википедија (или е многу оскудна), чија содржина ќе биде искреирана врз база на стручна литература и сигурни и веродостојни извори; б) преводи на веќе постоечки статии за жени на Википедија од англиски (или друг јазик) на македонски јазик.

Сите заинтересирани млади лица, студенти и млади активисти кои сакаат да придонесат за намалување на родовиот јаз во онлајн просторот и зајакнување на застапеноста на жените во онлајн Википедија енциклопедијата на македонски јазик.  За нивното учество ќе добијат сертификат од Шведската амбасада дека земале учество во настанот.

Доколку сакате да бидете дел од оваа иницијатива, ве покануваме да се регистирате на следниот линк до недела, 13ти октомври: https://bit.ly/31V8Wvd

По потврдата за учество и пред настанот, волонтерите ќе треба да се регистрираат на Википедија како уредувачи (доколку немаат веќе кориснички профил), најдоцна до два дена пред самиот настан.

Бројот на учесници ќе биде ограничен според можностите кои ги нуди просторот во ФИНКИ.

1