Гете-институт Скопје во соработка со Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство – ФИНКИ, ве предизвикува на 40-часовен онлајн еко-хакатон за програмирање на веб портал за одржливост. Доколку имате свежи и одржливи идеи, знаење и искуство и сте подготвени да го прифатите овој предизвик, ве очекуваме на 30, 31 Октомври и 1 Ноември 2020 да учествувате и да го развиете својот сопствен концепт.

Постојано се говори за големи проекти и стратегии за заштита на животната средина, за изнаоѓање поодржливи извори на енергија, одржлив развој, одржливо општество, одржливо живеење. Ајде да започнеме со ситни акции во секојдневието! Што би можел секој од нас да направи во секојдневниот живот за да води поодржлив живот и да не и наштетува на животната средина.Токму такви примери би сакале да понудиме во веб порталот, кој ќе го создадете и развиете заедно со твојот тим.

Хакатонот ќе се изведува целосно онлајн преку платформа за колаборација и согласно агендата на настанот со цел лесно да им се овозможи на учесниците да консултираат ментори за потребите на концептот кој се изработува.

За тимот или поединецот кој ќе ја испорача најдобрата идеја и реализација на платформата, Гете-институт Скопје ќе обезбеди награда и средства за нејзино целосно реализирање. Изработките ќе ги оценува стручно жири.

Местата се ограничени, затоа побрзајте и пријавете се до 28.10.2020 на следниов линк: https://forms.gle/7ZAsQXoiQ5fxVNmdA

 

ПРЕГЛЕД НА НАСТАНОТ
Настанот ќе се одржува од 30 Октомври до 1 Ноември 2020 година.
Церемонијата за отварање и почеток на натпреварот ќе се одржат на 30 октомври 2020г. во 18:00 часот. Овие забелешки ќе бидат снимени и достапни додека трае настанот на FaceBook профилот на Goethe Institut Скопје.
 
Во тек на 40.те часови на трање на хакатонот, тимовите ќе имаат редовни и чести консултации со менторите, по потреба, преку телеконференциска платформа, онлајн.
 
Сите изработени проекти мора да се прикачат на системот за евалуација најдоцна до 10:00 часот на 1 ноември 2020 година .
Презентации на проектите од страна на секој тим пред  комисијата и сите присутни ќе се реализираат онлајн на 1 ноември во 18:00 часот преку телеконференциска платформата со алоциран слот од 10 минути за презентација од  секој тим и 5 минути за дискусија со комисијата.
Евалуација на проектите се очекува да трае не повеќе од 3 дена. Победниците ќе бидат известени најдоцна до 4 ноември 2020 година.
 
НАГРАДА ЗА ПОБЕДНИКОТ
Тимот чиј проект ќе биде избран како најдобар ќе биде  награден со 1000 ЕУР и за усовршување на платформата и создавање на содржини на тимот ќе бидат исплатени уште дополнителни 500 ЕУР. Алоциран е и дополнителен буџет за одржување и надградби во тек на 2021 година.
 
КРИТЕРИУМИ ЗА ЕВАЛУАЦИЈА
Слајдовите за презентација /  Предлогот + Кодирање – 70%
Содржина - 10%
Релевантност на идејата кон проблемот  - 10% 
Креативност  - 10%
Изводливост на идеите и нивно влијание (кон општеството итн.) - 10%
Естетика и стил на предлог - 10%
Вештини за кодирање - 20%
 
Презентација на слајдови - 30%
Јасност и убедливост - 10%
Координација и тимска работа - 10%
Сесија на прашања и одговори (Q&A) - 10%
 
ШТО ТРЕБА ДА Е ДОСТАВИ (Прикачи) ?
До 10:00 часот на 1 ноември 2020 година, пријавените мора да достават проект вклучувајќи го веб порталот, функционален  изворен код, податоци за логирање на веб платформата (the application login credential),  писмен опис и кратка демонстрација (видео).
Секој тим може да достави само еден проект.
 
ПРИНЦИПИ ЗА ПРОЕКТОТ
Секој проект треба да биде веб платформа . Дозволено е да се користат open-source алатки за развој. Веб платформата не треба да содржи комерцијален код од трета страна и одговорност на пријавениот е да осигура дека доставеното не крши било какви права и закони од трета страна. Дополнителни ресурси за развој ќе бидат достапни за сите пријавени во текот на целиот натпревар. Ако решението користи  компоненти или додатоци кои носат дополнителни трошоци за лиценцирање, тие мора да бидат видливо документирани.
 
Проектот кој секој пријавен тим го поднесува мора:
- да е развиен единствено како дел од овој предизвик;
- да биде лична работа на тимот;
 
Целосниот доставен проект треба да поседува:
- 3-5 минутно видео вклучувајќи демонстрација на веб платформата, процесот кој го користеше групата за да ја креира платформата 
- Целиот изворен код. 
- Било какви презентациски фајлови користени во видеото
- Фотограии од сите членови на тимот, индивидуално или заедно

 

woman-coding-on-computer_-1030x400.jpg

0