Македонската академија на науките и уметностите избра ново раководство со мандат од четири години, почнувајќи од 1 јануари 2020 година.

За нов претседател на МАНУ е избран академик Љупчо Коцарев, професор на ФИНКИ, а за потпретседатели академиците Живко Попов и Газанфер Бајрам. Научен секретар на Академијата ќе биде Изет Зекири.
На Изборно собрание за членови на Претседателството на МАНУ се избрани академиците: Катица Ќулавкова, Абдулменав Беџети, Владимир Серафимовски, Леонид Грчев, Глигор Јовановски, Радован Павловски и Момир Поленаковиќ.

Инаку професорот Коцарев е најцитираниот македонски научник со скоро 16000 цитати измерени од Google Scholar . Научниот интерес на академик Љупчо Коцарев е широк, опфаќајќи повеќе подрачја од физиката, техничките науки, и компјутерските науки: нелинеарна физика, комплексни системи и мрежи, електрични кола и системи, теорија на информации и криптографија, машинско учење, обработка на податоци и наука за податоци. Во период од 1986 година до денес академик Љупчо Коцарев публикувал повеќе од 476 публикации, од кои голем број во списанија со фактор на влијание, како и публикации во зборници на рецензирани трудови од (меѓународни и домашни) конференции. Тој бил едитор на 6 книги и автор на 6 патенти (одобрени во САД и/или Европа). Академик Љупчо Коцарев бил раководител на повеќе научноистражувачки проекти финансирани од ЕУ (програмите ТЕМПУС, ФП6, ФП7 и Хоризон2020), САД (NSF, ONR, NIH), Германија (DFG), НАТО, компанијата ST Microelctronics и Универзитетот на Калифорнија во Сан Диего 

kocarev_2.png

kocarev_1_0.png

0