Софтверско инженерство ТЕМПУС (3+1+1)

1. Општи информации

 
Постдипломските студии по софтверско инженерство се стремат кон врвно европско образование и обучување на софтверските инженери, кои по завршувањето на студиите ќе можат да испорачуваат софтверски системи кои се висококвалитетни и доверливи и кои ги задоволуваат потребите на локалната индустрија.
  • Назив на предлагачот: Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство - ФИНКИ
  • Назив на студиска програма: Академски студии од втор циклус по Софтверско инженерство
  • Научно - истражувачко подрачје: природно - математичко
  • Поле: информатика
  • Област: софтверско инженерство
  • Вредноста на постдипломските студии изнесува 60 ЕКТС кредити
  • Траење на студиите: 2 семестри
  • Една академска година се состои од два семестра во траење од 30 недели (1 семестар = 15 недели)
  • Првиот семестар се состои од наставни предмети, додека вториот е резервиран исклучиво за завршниот проект, т.е. за магистерската тема.
  • Услови за запишување на студиите: завршени додипломски студии на информатика или компјутерски насоки кои носат минимум 240 кредити. За студиските насоки кои носат помалку од 240 кредити, се дополагаат испити понудени во воведувачкиот слој.
  • Воведувачки слој: на студентите кои во текот на студиите стекнале помалку од 240 кредити им се нуди множество диференцијални воведувачки предмети. По нивното успешно реализирање, студентот стекнува право да продолжи со втората година на постдипломските студии.
  • Прв семестар: најмалку 2 изборни од првата и најмалку 3 изборни од втората група предмети, вкупно 5 предмети односно 30 ЕКТС.
  • Втор семестар: завршен проект (30 ЕКТС).
  • 1 ЕКТС кредит соодветствува на 25 часови вкупен работен ангажман.
  • Бројот на контактните часови е 4.
Стекната титула: Магистер по информатички науки од областа на софтверското инженерство
 
2. Воведувачки слој
Воведувачкиот слој им е наменет на студентите кои студии кои траат помалку од четири години или стекнале помалку од 240 кредити од претходните студии.
 
- Воведувачки слој  
 
Табела 1: Листа на предметите на воведувачкиот слој 

 

Нов код

предмети

СЕМЕСТАР

ЕКТС

Предуслов[1]

1

СЕ-В-01

Веројатност и статистика

седми

VII

6

Калкулус 2

2

СЕ-В-02

Интернет технологии

седми

VII

6

Бази податоци

3

СЕ-В-03

Микропроцесори и микроконтролери

седми

VII

6

Калкулус 2

4

СЕ-В-04

Формални јазици и автомати

седми

VII

6

Дискретни структури 2

Компајлери

Формални јазици и автомати

5

СЕ-В-05

Информациски системи

осми

VIII

6

Бази податоци

6

СЕ-В-06

Калкулус 3

осми

VIII

6

Дискретни структури 2

7

СЕ-ВИ1

Изборен предмет 1

седми

VII

6

 

8

СЕ-ВИ2

Изборен предмет 2

осми

VIII

6

 

9

СЕ-ВИ3

Изборен предмет 3

осми

VIII

6

 

10

СЕ-УКиМ

Избор од универзитетската листа слободни предмети

осми

VIII

6

 

 

Табела 2: Листа на изборните предмети

 

Нов код

предмети

СЕМЕСТАР

ЕКТС

Предуслов

1

СЕ-ВИ-01

Анализа на софтверските потреби

седми

VII

6

Софтверско инженерство

2

СЕ-ВИ-02

Интеракција човек - компјутер

седми

VII

6

Софтверско инженерство

3

СЕ-ВИ-03

Конструкција на софтвер

седми

VII

6

Софтверско инженерство

4

СЕ-ВИ-04

Менаџмент во ИКТ

седми

VII

6

Софтверско инженерство

5

СЕ-ВИ-05

Професионална етика

седми

VII

6

Софтверско инженерство

6

СЕ-ВИ-06

Алгоритми

осми

VIII

6

Објектно и визуелно програмирање

7

СЕ-ВИ-07

Дизајн и архитектура на софтвер

осми

VIII

6

Анализа на софтв. потреби

8

СЕ-ВИ-08

Квалитет на софтвер и тестирање

осми

VIII

6

Конструкција на софтвер

9

СЕ-ВИ-09

Управување со софтверските проекти

осми

VIII

6

Софтверско инженерство


3. Студии
 
Табела 1: Листа на предметите на постдипломски студии 

 

предмети

СЕМЕСТАР

ЕКТС

1

Изборен предмет од група 1 или од група 2

деветти

IX

6

2

Изборен предмет од група 1 или од група 2

деветти

IX

6

3

Изборен предмет од група 2

деветти

IX

6

4

Изборен предмет од група 2

деветти

IX

6

5

Избор од универзитетската листа слободни предмети

деветти

IX

6

 

Табела 2: Изборните предмети од група 1

 

Нов код

 

ИМЕ НА ПРЕДМЕТОТ

 

ЕКТС

фонд на часови

       П             В

СЕ-И1-01

Архитектура, дизајн и шаблони

6

30

30

СЕ-И1-02

Вреднување и тестирање на софтверот

6

30

30

СЕ-И1-03

Процеси за развој на информациските системи

6

30

30

СЕ-И1-04

Приватност, етика и општествени одговорности

6

30

30

 

Табела 3: Изборните предмети од група 2

 

Нов код

 

ИМЕ НА ПРЕДМЕТОТ

 

ЕКТС

фонд на часови

       П           В

СЕ-И2-01

Инженерство на барањата

6

30

30

СЕ-И2-02

Истражувачки методи

6

30

30

СЕ-И2-03

Системска интеграција

6

30

30

СЕ-И2-04

Еволуција на софтверот

6

30

30

СЕ-И2-05

Компонентно-базиран развој

6

30

30

СЕ-И2-06

Формални методи во инженерството

6

30

30

СЕ-И2-07

Софтверско инженерство за критичните системи

6

30

30

СЕ-И2-08

Деловно моделирање

6

30

30

СЕ-И2-09

Софтверско инженерство кај базите податоци

6

30

30

СЕ-И2-10

Напредни области во софтверското инженерство

6

30

10

 

3.1 Изборни предмети

Студентот може да избере предмет од листата на понудени изборни предмети од сите студиски програми од втор циклус на студии. Листата на понудени изборни предмети може да се најде на овој линк.