Објавен е конкурс за запишување на нови студенти на втор циклус студии во учебната 2015/2016 година. Повеќе детали за Конкурсот можете да добиете на овој линк или во текстот што следува. 
 
Право на конкурирање
Право на конкурирање имаат кандидати што ги исполнуваат следниве општи услови: да завршиле прв циклус студии на соодветни или сродни студии и кои исполнуваат други услови предвидени со студиските програми за организирање втор циклус студии на соодветниот факултет, односно научен институт.
 
Документи за пријавување
Пред пријавувањето во роковите утврдени со Конкурсот, секој заинтересиран кандидат треба да се регистрира на www.upisi.ukim.edu.mk и да ја пополни електронската пријава. Бројот којшто кандидатот автоматски го добил од системот за електронското пријавување треба да се внесе и во пријавниот лист што се поднесува при пријавувањето за запишување. 
 

Пријавувањето се врши на соодветниот факултет односно научен институт.
Со пријавата кандидатите поднесуваат:

  • пријавен лист за запишување;
  • електронска пријава (од www.upisi.ukim.edu.mk);
  • диплома за завршен прв циклус студии;
  • куса биографија (CV);
  • потврда за знаење странски јазик;
  • препораки од наставни или научни работници (доколку има такви);
  • список на стручни или научни трудови и примерок од нив (доколку кандидатите имаат);
  • документи за евентуални награди, признанија и други документи. 
Рокови за пријавување и запишување

  Пријавување на кандидатите 14.09.2015-09.10.2015

 
Повеќе информации за студиите можете да добиете на magisterski@finki.ukim.mk 
 
 
Квоти и школарини за втор циклус на студии во учебната 2015/2016 година 
 Студиска програма Број на студенти   Вкупен износ на школарина (ЕУР)
 3+1+1  4+1
 Едногодишни магистерски студии   280    1800
 Компјутерски мрежи и е-технологии  40    1800
 Интелигентни информациони системи  40    1800
 Софтверско инженерство  40    1800
 Содржински базирано пребарување  20    1800
 Биоинформатика  20    1800
 Екоинформатика ТЕМПУС  10    1800
 Систем во чип ТЕМПУС  10    1800
 Инженерство на интелигентни системи  20    1800
 Кодирање и криптографија  20    1800
 Компјутерски науки  20    1800
 Софтверско инженерство ТЕМПУС  30    1800
 Статистика и актуарска математика  10    1800
 Двегодишни магистерски студии  140  2500  
 Компјутерски мрежи и е-технологии  15  2500  
 Интелигентни информациони системи  15  2500  
 Софтверско инженерство  15  2500  
 Содржински базирано пребарување  10  2500  
 Биоинформатика  10  2500  
 Екоинформатика ТЕМПУС  10  2500  
 Систем во чип ТЕМПУС  10  2500  
 Инженерство на интелигентни системи  10  2500  
 Кодирање и криптографија  10  2500  
 Компјутерски науки  10  2500  
 Софтверско инженерство ТЕМПУС  15  2500  
 Статистика и актуарска математика  10  2500