Во рамките на прославата на четвртиот роденден на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, на крајот на месец март 2015, ќе се доделуваат награди за најдобрите студенти во втора, трета и четврта година на студии. За таа цел потребно е студенти кои имаат просек над 9,5 и се заинтесирани да се пријават и да достават фотографија на spfinki@finki.ukim.mk, најдоцна до 10 јануари 2015 година. Ве замолуваме нсаловот на пораката да биде во формат “Роденден2015 “.

Пред да се пријавите, проверете си го вашето досие во електронска форма на iknow.finki.ukim.mk и доколку некоја оценка недостасува, реагирајте до предметните наставници. Конечната листа на кандидати ќе се затвори на 12.01.2015 година и после тоа нема да има можност истата да се менува. Просекот и бројот на положени испите се пресметува за испитите положени заклучно со септемвриската сесија.