Пријавување испити за јунска сесија
Соопштение за пријавување на испити за јунската испитна сесија на ФИНКИ за додипломски и магистерски студии, во учебната 2014/2015 година.
Барање за доделување на вредносен бон - ваучер
Објавено е соопштение со детали за постапка за доделување на вредносен бон - ваучер за студентите на ФИНКИ.
Гостинско предавање на Гоце Трајчевски
Поканети се сите заинтересирани на предавањето на Гоце Трајчевски на тема Similarity of Spatial, Temporal and Spatio-Temporal Data.

Предавање, Бабини игри

Почитувани студенти, ни претставува особена чест да ве поканиме да присуствувате на предавањето за примена на современи информатички технологии за иновација на образованието.

Предавањето со наслов „Бабини игри“ ќе го одржат Марина Василева и Добри Јовески, носителите на втората награда на глобалниот натпревар организиран од страна на „Microsoft Partners in Learning", во кое учествуваа илјадници тимови од целиот свет. Правото на учество на натпреварот го добија освојуваќи го првото место во Европа.

Предавањето ќе се одржи во вторник, 13.12.2011 година, во 11:00 часот во амфитеатарот на ТМФ.