Clear View BTC заедно со ФИНКИ, UACS, Семос Едукација и SEEU Tech Park во Скопје го носат Startup Grind, заедница за претприемачи поддржана од Google for Entrepreneurs. На овој настан присутните ќе може практично да научат како се прави успешен бизнис или производ, ќе имаат шанса да разговараат со најинспиративните и најуспешни претприемачи од Македонија, ќе можат да научат како да започнат сопствен бизнис и да најдат партнер или инвеститор за реализација на својата идеја.

На настанот ќе говори Митко Цабевски, ко-основач на uPug.me и основач на Ambio.me. Талентиран продукт менаџер и претприемач со докажани остварувања во планирањето, развој на стратегии и лансирање на нови производи.

По напуштањето на Vip оператор, каде работеше како менаџер за иновации и учествуваше во развојот на голем број на производи, тој го основаше стартапот Ambio кој сега е дел од ITgma.

Неодамна ко-основаше нов хардвер стартап, uPlug.me, за кој обезбеди инвестиција од ацелераторот Eleven во Софија.

Митко ќе ни открие како успешно да развиете иновативен производ, како да го пласирате пред инвеститори и како да влезете во некои од најпознатите стартап настани и акцелератори.

По Митко ќе следи кратко претставување на CEED Business Angels Network - една од првите формални мрежи на ангел инвеститори во Македонија. Ќе чуеме како работат и што сакаат да видат од стартап во кој гледаат потенцијал за инвестиција.

Настанот ќе се одржи на 17 декември од 17.30 до 20.30 часот во просториите на University American College Skopje (бул. Трета македонска бригада, бр. 60). Повеќе детали за пријавување и информации за настанот можете да погледнете во овој документ[PDF].