Clear View BTC заедно со ФИНКИ, Cosmic Development и SEEU Tech Park во Скопје го носат Startup Grind, заедница за претприемачи поддржана од Google for Entrepreneurs. На овој настан присутните ќе може практично да научат како се прави успешен бизнис или производ, ќе имаат шанса да разговараат со најинспиративните и најуспешни претприемачи од Македонија, ќе можат да научат како да започнат сопствен бизнис и да најдат партнер или инвеститор за реализација на својата идеја.

На настанот ќе говорат Игор Трајковски, основач и CEO на Time.mk, македонски агрегатор за вести и доцент на ФИНКИ. Тој исто така е ex-Googler (2007-2008) и ќе пренесе дел од искуството од работа во најатрактивната компанија во светот.
 
Потоа Јоцо Тодоровски, инженер на системи за продажба, ќе одржи работилница на тема: Имам производ.. Како до првите клиенти? 

Настанот ќе се одржи на 7 октомври од 17.30 до 21.30 часот во просториите на SEEU Tech Park во Скопје (Чаршија, Стоковна куќа Мост). Повеќе детали за пријавување и информации за настанот можете да погледнете во овој документ[PDF].