МАСИТ – Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии, заедно со Европската Бизнис Асоцијација – ЕБА, на 29ти октомври (среда) во хотел Александар Палас (К1) ја организираат конференцијата „Европски ден на претприемачот и СЕЕИТА и МАСИТ Отворени денови“. Присуството на конференцијата е бесплатно, и можете да се регистрирате на следниов линк: http://www.seeita.org/?registration _form_2014.

На конференцијата ќе се претстават најиновативните решенија од областа на ИКТ,
како и трендовите кои се очекуваат да бидат актуелни во следниов период. Ќе присуствуваат претставници од најрелевантните институции од Република Македонија, претставници од Град Скопје, делегација на Европска Унија, членки на МАСИТ, членки на ЕБА, ИТ асоцијации и комори од регионов, претставници од Швајцарската фондација за техничка соработка, претставници од МСП секторот како и сопственици на компании, претставници од Академијата и други.

Повеќе информации можете да прочитате на www.seeita.org.