Врз основа на барањето од ФИНКИ за проширување на квотата на наската КНИ, Владата на Република Македонија на вчерашната седница донесе одлука за проширување на квотата за упис на КНИ за 100 места и тоа 50 во државна квота и 50 во квота со кофинансирање. Поради овие промени, ќе се пролонгира рокот за објавување на конечните ранг листи и тие ќе бидат објавени најдоцна до среда во 9:00 часот.
 
Потоа, ако има одредени забелешки ќе може да се испратат приговори на распределбата по насоки до Конкурсната комисија.
 
Со почит,
Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство - Скопје