Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во соработка со Секретаријатот за европски прашања и Министерството за образование и наука на Владата на Република Македонија, организираат промотивен настан “Програми на Унијата“ и “Стипендии Габриела Коневска -Трајковска“.

Настанот ќе се одржи на 27.10.2014 година (понеделник), со почеток во 13 часот, во просториите на Економскиот факултет на УКИМ, амфитеатар II. Цел на овој промотивен настан е зголемување на информираноста на студентите за програмите на Унијата и Стипендиите „ Габриела Коневска - Трајковска“.

Согласно агендата, доставена во прилог на овој допис, на присутните ќе се обратат ректорот на УКИМ проф. д-р Велимир Стојковски, г. Фатмир Бесими, заменик претседател на Владата на Република Македонија, г. Абдулаким Адеми, министер за образование и наука на Владата на Република Македонија, г. Дарко Димитров, директор на Националната агенција за европски образовни програми и др.