Сите кандидати кои НЕ се рангирани или сакаат да го променат или дополнат изборот на студиските програми или начинот на студирање (државна квота или кофинансирање) имаат можност да се доизјаснат за студиски програми во кои има слободни места и да бидат рангирани на студиска програма која не е целосно пополнета. Новото рангирање ќе биде направено без притоа да се промени редоследот на претходно рангираните кандидати. Промената на изборот на студиската програма или начинот на студирање се прави со пополнување на Изјава за дополнување или промена на избраните студиски програми.
 
Изјавите за дополнување или промена на избраните студиски програми (запишување на студиска програма на која има слободни места) или менување на изјава за студирање во квота со кофинансирање (ако тоа не е сторено во интерниот пријавен лист) ќе се примаат во службата за студентски прашања на ФИНКИ во петок, 22.08.2014 година, 8-16:00, како и при запишувањето на 25.08.2014 (понеделник) 09:00-14:30.