Почитувани матуранти, објавени се прелиминарните ранг листи од првиот уписен рок за учебната 2012/2013 година. Прелиминарните ранг листи се објавени на Join порталот во делот Документи - Прв уписен рок - Резултати - Прелиминарни ранг листи.
 
Објавено е и соопштение за промена на избор на студиска програма и истиот можете да го видите на овој линк [PDF]. Изјавата за промена или дополнување на избраните студиски програми можете да ја видите на Join порталот во делот Документи - Прв Уписен рок
 
Постапка за поднесување на приговор за прелиминарната ранг листа на пријавени кандидати во прв уписен рок

По објавувањето на прелиминарната ранг листа на кандидати за запишување во прва година, во рок од 24 часа, од 23.08.2012 од 14:00 часот до 24.08.2012 до 14:00 часот, може да се достави приговор за технички пропусти.

Приговорите се доставуваат во 2 печатени и потпишани примероци на образецот кој може да се подигне на шалтерот на службата за студентски прашања на ФИНКИ во зградата на ТМФ.

Службата работи секој работен ден од 08:00 –14:00 часот.