Почитувани матуранти, на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство ќе се одржува подготвителна настава по програмирање. Содржината на предавањата ќе биде во насока на полесно совладување на курсевите по програмирање кои ќе се слушаат на студиски програми на ФИНКИ во првата студиска година.

Наставата ќе се одржи во 5 дена со по 4 часа настава дневно (вкупно 20 часа) во деновите од 03.09.2012 до 07.09 2012 година, во просториите на ФИНКИ.

За секоја одбработена тема слушателите ќе добијат подготвен писмен материјал поставен на веб страната на ФИНКИ. По 19-тиот час слушателите ќе бидат тестирани од поминатиот материјал.

Слушателите ќе добиваат домашни задачи во текот на секој ден, со тоа што должни се решенијата да ги достават во наредниот ден.

Наставата ќе се одвива во групи од по 25-30 слушатели. Цената на подготвителната настава е 2000 денари, што се уплаќа на сметка на ФИНКИ 1600161700-788-13, со назнака за подготвителна настава по програмирање. Приходната шифра е 723012. Пример како треба да биде пополнета уплатницата можете да видите на сликата прикажана подолу.

Пријавените треба да ги достават уплатниците кај Снежана Ристеска во приземјето на деканатот на ФИНКИ на 3-ти септември во 8:30 часот, а од 9:00 часот ќе се почне со првиот час.
 
 width=