За да им помогне на идните студенти на ФИНКИ да го надополнат и освежат своето знаење од математика и програмирање, со цел полесно да се вклучат во следењето и совладувањето на материјалот што се изучува на ФИНКИ, факултетот организира подготвителна настава по математика и програмирање.
 
Наставата во обем од 40 часа математика и 20 часа програмирање ќе започне по 31 август, со цена од 4000 ден. за математика и 2000 ден. за програмирање.
 
Студентите кои планираат да посетуваат настава од некој од овие предмети (или од двата предмети) треба да се пријават најдоцна до недела 30.08.2015 до 15 часот на адреса vesna.dimitrievska.ristovska@finki.ukim.mk, со назнака Подготвителна настава и да наведат дали се пријавуваат за двата предмети или за еден од нив.
За подетални информации може да се обратите на истата адреса.