Oxbridge Biotech Roundtable (OBR) и SR One заедно го организираат натпреварот OneStart, најголемиот натпревар за здравствени акцелераторски програми во светот. Организаторите нудат шанса на иноваторите од сите дисциплини да освојат 125.000 евра, бесплатни лабораториски просории во Лондон и правни и бизнис совети за реализација на нивната идеја во успешен бизнис.

Натпреварот е наменет за сите претприемачи, студенти и истражувачи од областа на медицината и техничките науки, инженери и развивачи на софтвер кои се заинтересирани да ги понудат своите технички знаења во реализирање на нивната идеја, студенти и бизнис професионалци со желба да се вклучат во областа на био технологиите и здравствената индустрија.

Краен рок за аплицирање е 01.12.2014 година. Повеќе детали за настанот, како и информации за аплицирање можете да најдете на овој линк.