Министерството за економија на Република Македонија објавува Јавен повик за избор на најдобри Бизнис планови и за започнување на бизнис под мотото „Биди перспективен започни свој бизнис„ и Упатство за пишување на бизнис план на кој ќе може да аплицираат сите студенти и млади лица од 18 до 30 години кои ќе учествуваат во натпреварот за избор на 5 најдобри бизнис планови на кои ќе им бидат доделени плакети, ваучери и парични награди.

Услов за добивање на паричната награда е формирање на претпријатие на чие што име и сметка ќе бидат префрлени средствата. Претпријатието треба да се основа по завршување на натпреварот. Носителите на бизнис планот воедно мора да бидат основачи и сопственици на претпријатието (за истото ќе треба да се приложи Решение од Централен регистар на Република Македонија за новорегистрирано претпријатие).

Јавниот повик за Бизнис план е објавен во дневните весници Нова Македонија и Коха како и на web страната на Министерство за економија www.economy.gov.mk и на www.konkurentnost.mk од 04.07.2014 година и ќе трае до 15.09.2014 година.

Јавниот повик е достапен на овој линк[PDF], а упатството за пишување на бизннис план е достапен на овој линк[PDF].