Со задоволство Ве покануваме да бидете дел од предавањето 'How to do business in Silicon Valley', кое ќе го одржи г-дин Крис Бари, експерт за влез на компании од Европа на пазарот во САД со фокус на Силиконската Долина, кој заедно со неговите соработници има поддржано над 1.200 компании во изминатите 17 години.

Предавањето 'How to do business in Silicon Valley', e наменето за компании од Европа, старт-ап компании и млади претприемачи, кои сакаат да се информираат за американскиот пазар, како и да го развијат својот бизнис во САД.

Главен организатор на настанот е NewMan`s Business Accelerator, првиот и единствен акцелератор во Македонија, со канцеларии и во САД, чија цел е да идентификува и обучува старт-ап компании од Македонија и регионот, локално да развијат и тестираат иновативни производи со потенцијал за глобален раст. Самиот настан и серијата советувања и предавања што ќе следат, се тесно поврзани и со идните планови на Акцелераторот за позиционирање на компании од Македонија и регионот на американскиот пазар.

Ко-организатор на настанот е Едукативниот центар М6, што овозможува едукација за бизнис лидери, во соработка со школи и предавачи од регионот, Западна Европа и САД.

Котизацијата за присуствување на предавањето е 30 евра, додека екслузивно, за студентите на ФИНКИ, котизацијата за присуствување изнесува 10 евра.
Барање на издавање на фактура со ваши податоци испратете на: contact@newmansba.com.

Датум: 25 мај 2015 година
Локација: Едукативен центар М6, Скопје
Агенда: 19:00-20:00 предавање, 20:00 - 20:30 Прашања и одговори
Повеќе информации на следниот линк.