Центарот за развој на Вардарски плански регион започнува со имплементација на проектот „Кампања за вработување на 5 најдобри студенти од Вардарски плански регион во претпријатија од Регионот“ кој е финансиски поддржан од Програмата за развој на ОН - УНДП во рамки на проектот „Мрежа за инклузивен развој на Вардарски плански регион“.
 
Во рамки на организирањето на оваа кампања се врши мапирање на најдобрите студенти  - апсолвенти или дипломирани невработени лица со кои ќе биде спроведена една работилница и серија на креативни сесии (мин. 3) за кодизајнирање на кампањата за вработување на 5 најдобри студенти од регионот во претпријатијата од регионот.
 
 На лицата кои што ќе се пријават и ќе ги исполнуваат условите (висок просек во текот на студирањето) ќе им биде извршена обука за зајакнување на нивните капацитети за успешно промовирање пред потенцијалните работодавачи.
 
Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:
    •  Да е жител на некоја од општините од Вардарскиот плански регион (Велес, Кавадарци, Неготино, Чашка, Градско, Росоман, Демир Капија, Свети Николе и Лозово)
    • Да има просечен успех во текот на целото студирање од најмалку 8.5
За аплицирање треба да се достави уверение за положени испити издадено од Факултетот.
 
Во прилог на уверението потребно е да се достават контакт информации, односно телефонски број и e-mail адреса.
 
Документите се доставуваат до Центарот за развој на Вардарски плански регион на адреса Панко Брашнар бр. 1, Велес, или на adriana.nesova@vardarregion.gov.mk