Компанијата ТехноЛогика објавува отворен конкурс за работа и ги поканува студентите на ФИНКИ да аплицираат.

ТехноЛогика е водечка регионална софтверска компанија, која од 1990 година развива комплексна дејност во областа на информационите технологии: имплементација на информациони системи, развој на софтвер, консултантски услуги и специјализирани обуки.

Во врска со проширување на дејноста на нивниот тим во Скопје за развој и имплементација на специјализиран систем за управување со човечките ресурси, компанијата има потреба од искусен програмер за работно место: програмер за развој на софтвер за управување со човечки ресурси HERMES.

Основни одговорности:

    • Работа во проекти за развој на системот HeRMeS® со користење на .NET, C#, ASP.NET, Win Forms, Oracle PL/SQL;
    • Активно барање на можности за иновации и нови функционалности;
    • Проектирање и извршување на технички решенија, кои гарантираат усовршување на системот;
    • Специфицирање и тестирање на програмските единици и нивната интеграција;
    • Изработка на документација за време на фазите на анализа, проектирање и развој според стандарди на животниот циклус на софтверскиот производ;
    • Поддршка на системот HeRMeS® при имплементација и потоа.

Услови:

    • Искуство со Microsoft .NET Platform, C#, ASP.NET MVC, Web Forms, Web Services, Win Forms;
    • Искуство со SQL и релациони бази на податоци;
    • Искуство со дијагностицирање и решавање на софтверски проблеми;
    • Добро познавање на англиски јазик;
    • Аналитичко мислење, прецизност, високо ниво на лична организираност;
    • Можност за патување во земјата и странство.

Предност ќе имаат кандидатите со:

    • Високо образование во областите: информациони технологии, компјутерски науки;
    • Искуство во работа со PL/SQL, Oracle database;
    • Искуство во работа со Microsoft TFS;
    • Искуство во работа на развој на софтвер во областа на човечките ресурси и пресметка на платите;

Заинтересираните кандидати потребно е да испратат CV и мотивациско писмо со слика на skopje@technologica.com