Член на Македонската бизнис дијаспора во Германија отвора претставништво на неговата компанија во Македонија и објавува отворен конкурс за работа и ги поканува студентите на ФИНКИ да аплицираат.

Компанијата има потреба од кандидати од областа на бизнис и технички науки кои ќе работат во нивното претставништво во Македонија. Компанијата работи во развој, маркетинг и продажба на Software-as-a-Service решенија. Компанијата има отворени работи места за следните позиции:

Product management

    • Одлично говорење и пишување англиски јазик
    • Основно познавање на ERP системи (ERP, BI, HR/HCM)
    • Дневни задолженија би биле продажба на софтверските решенија на клиенти преку конференциски повици, собирање и приоитизирање на барања и поддршка на постоечки клиенти и крајни корисници
    • Како предност ќе се смета познавање на германски јазик

Software engineer

    • Одлично познавање на Java, JavaScript и HTML5. Се препорачува приложување на референци до претходна работа
    • Одлично познавање на релациони бази на податоци, SQL, сторирани процедури, SQL скрипти и слично
    • Основно познавање при развој на SaaS
    • Дневните задолженија би вклучиле развој на нови функционалности, подобрување и поправање на постоечките функционалности во решенијата, работа во тим со останати инженери и проект менаџери

Повеќе детали можете да најдете на овој линк. Заинтересираните кандидати може да аплицираат на следната e-mail адреса.