НЛБ Тутунска банка објавува отворен конкурс за работна позиција и ги поканува студентите на ФИНКИ да аплицираат. Повеќе детали за работната позиција можете да добиете во текстот што следува.
 

 
NLB Тутунска банка има отворено 1 позиција за пополнување на работно место „развоен проектант во ИТ“ и ги повикува студентите на ФИНКИ да конкурираат. Заинтересираните кандидати кои се пред дипломска или при крај на студиите, дипломирани или на магистерски студии своето CV можат да го испратат на '; // -->

со Subject: FINKI, најдоцна до 20.09.2015 година. Во прилог е и описот на работното место, но покрај техничките вештини, се очекува и основни „софт“ вештини за комуникација и односи со интерни деловни корисници. 

 
Работното место ги има следниве карактеристики:
 
ОПИС НА РАБОТАТА:
  • развој, планирање, одржување и дополнување на програмските решенија
  • воведување на нови алати за релациски бази на податоци при развојот на апликациите
  • менторство, советување и поддршка на корисничките старатели и корисници при развој и употреба на програмски решенија на компјутерските системи
  • тестирање на програмските решенија и процена на резултатите од тестирање
  • учествува во воведување нови технологии и стандарди за развој на програмските решенија
  • соработка со надворешни изведувачи за развој на нови проектни решенија од областа на банкарската информатичка технологија
  • менторство и пренос на знаења
  • учество во проектни групи 
БАРАЊА НА РАБОТАТА:
  • ОБРАЗОВАНИЕ: VII степен од информатичка или друга насока
  • ЗНАЕЊА: 
    • владеење на оперативниот систем
    • современи и класични алати за поддршка на развојот на програмската опрема
    • системи за управување со базите на податоци
    • разбирање на технологијата/процесите - контактирање со корисници
    • интерни развојни методологии и стандарди за квалитет
    • водење на проекти
    • активно познавање на странски јазик
  • СПОСОБНОСТИ:
    • целосно и правилно согледување на проблемот
    • критичко и аналитичко мислење
    • усно и писмено изразување
    • способност за тимска работа
    • самоиницијативност
    • способност за одлучување
За било какви информации во врска со работната позиција контактирајте со одговорните лица во компанијата.