Компанијата Метус објавува отворен конкурс за работа и ги поканува студентите на ФИНКИ да аплицираат. 
 
 

 
 
Компанијата Metus со седиште во Истанбул и преставништва во Дубаи и Сан Франциско објавува отворен конкурс за потребите на развojниот центар во Скопје, и ги повикува студентите на ФИНКИ да аплицираат за следните работи позиции:


Metus е компанија која е основана во 1998 година. Водечки прозизводител на софтверски решенија за менаџмент на мултимедиски содржини. Нивниот софтвер се користи во 70 земји низ целиот свет и го користат повеќе од 600 клиенти.

Кандидатите потребно е да ги исполнуваат условите наведени во огласите, да имаат диплома од областа на компјутерските науки, да се одликуваат со независност, истрајност и само-мотивираност, добри аналитички вештини, развиени комуникациски вештини (говорени и пишувани) и познавање на англиски јазик.

Заинтересираните кандидати да испратат CV и мотивационо писмо на англиски јазик на HR-skopje@metus.com.