НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје објавува отворен конкурс за практиканти и ги поканува студентите на ФИНКИ да аплицираат. Заинтересираните кандидати потребно е да имаат познавање на програмирање, статистика и статистички методи и желба за стекнување на знаења од економетрија и финансиска економетрија. За аплицирање за пракса потребно е кандидатите да имаат упатница од Факултетот.

Повеќе детали за праксата, како и информации за аплицирање можете да најдете во овој документ[PDF].