Kомпанијата Мајор Софтвер објавува оглас за прием на практиканти кои ќе работат на развој на веб и андроид решенија и ги поканува да аплицираат сите заинтересирани кандидати кои одговараат на бараните квалификации.

Мајор Софтвер е нова компанија која има за цел да ги унапреди иновациите во информатичкиот свет. Компанијата цели кон тоа да бидат лидери во технологијата и вистински центар на совршеност во сите аспекти на нивната дејност.

Практикантите ќе имаат можност да научат како да работат во тим и да создаваат одлични решенија кои ќе им послужат во иднина.

Потребни се апликанти со следниве квалитети:

    • 2 апликанти со познавање на програмскиот јазик PHP и бази на податоци MySQL 
    • 2 апликанти со познавање на Java за изработка на Android апликации во работната околина Eclipse
    • 2 апликанти со познавање на .NET платформата и изработка на WebForms и MVC
    • 2 апликанти со познавање на Интернет Маркетинг

Сите кандидати пожелно е да имаат:

    • Одлично познавање на англиски јазик (говорен и пишан) 
    • Афинитети кон тимска работа

Праксите ќе се изведуваат во текот на јули, август и септември, во тимови од по 2 практиканти, кои во тек на еден месец ќе треба да ги извршат зададените задачи, за што ќе добијат и потврда за реализирана задолжителна професионална пракса (и секој практикант кој ќе се покаже како квалитетен соработник добива месечен надоместок).

Практикантите, кои ќе покажат талент и успешно извршување на обврските можат да очекуваат идно вработување во Мајор Софтвер.

Заинтересираните студенти потребно е да испратат мотивациско писмо и CV на македонски јазик на major.software.mk@gmail.com, со назнака “за ПРАКСА'.