Компанијата Иноватика Д.о.о. во соработка со австриската компанија Xplorify GmbH нуди практично ориентирана обука во траење од 3 месеци, со можност за вработување по успешно завршување на обуката.

Компанијата Иноватика Д.о.о. оваа обука ја прави со цел да го прошири својот тим со амбициозни Web Developers кои сакаат да работат со нови технологии.

Вие ќе имате можност да се запознаете и да работите со најнови технологии (.NET, C#, ASP.NET MVC, AngularJS, KnockoutJS, Entity Framework, Microsoft Azure cloud и други), да учите од талентирани инструктори и да стекнете професионално искуство што ќе ви ги отвори вратите во вашата кариера како Web Developer.

Нивната обука, за разлика од другите обуки е целосно насочена кон вашиот развој и вашето изучување на наведените технологии, но како и кон тоа да Вие станете способни за самостојно изработување на проекти, да ја развиете вашата креативност и иновативност, да го поттикнете и насочите вашиот тимски дух и да ги изградите вашите професионални манири и со тоа да прераснете во професионален Web Developer.

Компанијата нуди:

  • Работа од дома (online), со флексибилно време за учење
  • Најнови технологии
  • Средина со високи перформанси и соработка
  • Лиценциран софтвер за развој, како помошна алатка за вашето работење
  • Учење преку развивање на проект ( од почеток до крај)
  • Постојано надгледување и поддршка од талентирани и искусни инструктори
  • Можност за вработување, доколку обуката помине успешно

Квалификации:

    • Кандидатите да имаат завршено соодветно високо образование (Компјутерска Насока) 
    • Самоинцијатива и желбa за учење
    • Страст за Development и нови технологии
    • Тимска работа и соработка
    • Примена на знаењето во изработка на практичен проект

Заинтересираните кандидати потребно е да испратат своја биографија со прикачено Уверение за положени испити и назнака „NET Developer - практикант“ на marija.arsoska@inovatika.net.