Компанијата Космик Девелопмент објавува отворен конкурс за прием на практиканти за PHP програмерски пракси со можност за вработување на одбраните кандидати, кои ќе покажат мотивација и успешно извршување на обврските во текот на праксата.

Програмата ќе се одвива во три фази – Internship, Traineeship, Employment, а за тој период практикантите ќе добијат потврда за пракса, соодветен број на кредити и месечен надоместок.

Избраните кандидати ќе бидат обучувани од искусни PHP програмери со што ќе имаат можност да стекнат искуство, кое ќе им помогне да започнат професионална кариера.

Сите заинтересирани кандидати кои се гледаат себе си како талентирани и тимски играчи потребно е да испратат:

    • CV 
    • Опис на апликација (проект/семинарска/дипломска) што ја имаат изработено и 
    • Препорака од професорот со кој имаат соработувано на соодветната апликација

Предност ќе имаат кандидатите кои имаат слушано 'Програмски практикум”. Документацијата да се испрати на internship@cosmicdevelopment.com, со назнака за 'Cosmic Internship - [PHP]'.

Рок за пријавување е до 30.09.2014 година.