Друштвото за информатика Артисофт, една од водечките компании за изработка на SaaS (Software as a Service) решенија во регионот, ги поканува заинтересираните студенти од ФИНКИ да учествуваат во нивната овогодишна програма за пракси, во рамките на кои се достапни 8 позиции за пракса. Во текот на тримесечната пракса (со можност за дополнително продолжување), студентите ќе имаат можност да работат со најнови и најмодерни технологии (Cloud технологии, Big Data & Search технологии), на конкретни проекти кои се работат во компанијата.

Праксата подразбира до 40 часовна работна недела со флексибилно работно време. Практикантите ќе добијат месечен надомест за трошоци во висина од 4.000 денари.

Канидадите за пракса треба да имаат останато уште само 1 година од студиите, да имаат желба да учат нови работи и да имаат некакви почетни знаења. Предност имаат канидатите што имаат искуство во работа со бази на податоци, Web development (HTML, CSS).

На најдобрите практиканти ќе им биде понудена и можност на вработување по завршување на праксата.

Заинтересираните кандидати можат да го испратат своето CV преку email на praksa@artisoft.net.

Рокот за пријавување е 15.10.2014 година.