Компанијата A8 Технологија објавува конкурс за пракса и ги поканува студентите на ФИНКИ да аплицираат. Повеќе информации имате во текстот што следува.



 
 

Кандидатите потребно е да бидат транспарентни и отворени, да работат на создавање на иновативни продукти, ентузијасти кои веруваат во континуиран развој и креирање на нови правци во дигиталниот свет.

Потребно е познавање на некои од следните технологии:

    • NodeJS (+ mongodb нерелациона база)
    • AngularJS
    • HTML5, CSS

Кандидатите потребно е да имаат познавање во работа со Linux оперативен систем (за програмери) и OS X (за веб дизајнери).

Праксата е со почеток во интервалот од 1ви - 10ти јули во времетраење од 1 до максимум 3 месеци.

Заинтересираните кандидати потребно е да испратат CV на: aleksandra@a8tech.com.