Фондот за иновации објавува јавен повик за поднесување предлог проекти за финансирање на старт-ап и спин-оф трговски друштва и иновации. Јавниот повик се однесува на кофинансирање најмногу до 85% (осумдесет и пет проценти) од вкупниот буџет за проектот, до максимален износ од 30.000 евра. Преостанатите 15% (петнаесет проценти) од вкупниот буџет за проектот треба да бидат обезбедени од апликантот. Повикот е отворен за микро, мали и средни претпријатија (не постари од 6 години) – „старт- ап“ и „спин-оф“ претпријатија, во доминантна сопственост на македонски државјани (50,1% или повеќе), кои имаат иновативна идеја со солидно очекување за комерцијализација.

Подетални информации, како и документи за аплицирање, можете да најдете на овој линк.
 

Фондот за иновации го организира и првиот промотивен настан на Фондот за иновации и технолошки развој по повод отворање на повикот за Инструментот кофинансирани грантови за старт-ап, спин-оф трговски друштва и иновации.

Целта на настанот е запознавање со можностите за развој на иновативни идеи преку програмите на Фондот за иновации и технолошки развој, како и споделување на успешни иновациски приказни од регионот. Настанот е организиран со поддршка на Град Скопје.

На настанот свое излагање ќе имаат претставници од Фондот за иновациска дејност на Србија кои ќе ги претстават своите искуства во финансиската поддршка на иновациите. Присутните ќе имаат можност да слушнат и успешните приказни на српски иноватори и претприемачи кои со помош на државно финансирање успеале да ги развијат своите иновативни идеи. На настанот ќе има излагање и д-р Петар Моѓуроши, експерт во областа на управување со иновации, соработка меѓу индустријата и истражувачката дејност, како и трансфер на технологии.

Настанот ќе се одржи на 02.03.2015 година (понеделник) во Салон 19,19, со почеток во 10 часот. На овој линк[PDF] е прикачена целосната програма и резиме на говорниците.

Бројот на местата е ограничен. За подетални информации з присуство на промотивниот настан, контактирајте ја Бојана Трајковска на следната e-mail адреса најдоцна до четврток, 26.02.2015.