На 11 април 2014 година, петок, ќе се одржи настан Ден на високото образование на Универзитетот „Св Кирил и Методиј“. По тој повод во времетраење од 10:00 до 17:00 часот организиран е отворен ден кој ќе се одржи на платото пред ректоратот, каде ќе бидат сместени штандовите на факултетите.

Посетителите ќе имаат можност непосредно во разговор со наставниот кадар и студентите да се запознаат со дејноста на најстарата високообразовна институција во нашата земја, нејзината долга традиција, мисија и визија. Во изложбените простори се предвидени разновидни презентации на активностите и проектите на наставниците и студентите, изложба на богатата научна дејност на Универзитетот: монографии, учебници, преводи и научни списанија.

Покрај другите активности предвидени се многубројни наградни игри за посетителите, голема забава со концерт на студенти од Факултетот за музичка уметност во Скопје, Пеперминт и Бени и Нон-стоп на платото на Универзитетот со почеток од 10 ч.

Денот е наменет за средношколците од средните училишта во Р. Македонија, но и убава можност за сите оние кои сакаат да дознаат нешто повеќе за програмите на постдипломските и докторските студии на Универзитетор.

ФИНКИ ќе има свој штанд на кој ќе претстави неколку интересни проекти, како и дел од своите уреди од лабораториите од Факултетот на кои студентите имаат можност да работат.

Детали за настанот можете да најдете на овој линк (Facebook).