Отворено е аплицирањето за Global Impact Competition 2015 за регионот на Централна и Источна Европа.

Global Impact Ccompetition цели да најде проекти што можат да имаат позитивно влијание на животите на луѓето што живеат во специфичните региони што се засегнати. Победникот добива стипендија вредна $30.000 да учествуваат на Graduate Studies Program (GSP) во летниот семестар, 2015 на Singularity универзитетот. Стипендијата ги покрива трошоците за студирање и престој (Патните трошоци не се вклучени).

Singularity универзитетот - основан од големи технолошки компании во Silicon Valley и со седиште во NASA Research Park во Моuntain View има мисија да ги едуцира, инспирира и охрабри студентите да користат технологии што ги засегаат големите предизвици на човештвото. Учесниците на GSP програмата имаат можност да работаат заедно во интернационални и интердисциплинарни тимови со цел да ги разберат и користат овие технологии.

Сите заинтересирани може да се информираат и да се пријават на веб-страната www.sucee.eu најдоцна до 8-ми март 2015.

Финалистите ќе ги презентираат своите проекти на Global Impact CEE финалето, пред селектирана комисија одбрана од SU факултетот и регионални извршители од големи корпорации. Финалето ќе се одржи во Будимпешта, Унгарија на 9-ти април 2015 година.

Подетални информации може да се најдат на овој линк.