Од 15ти до 17ти април во хотел Инекс Горица во Охрид ќе се одржи интернационалниот технолошки настан Codefest Marathon.

 
Настанот има форма на програмерски маратон за студенти и ученици (од средни училишта  до мастер студии) со траење од непрекинати 32 часа за време на кои учесниците во тимови работат на развивање на сопствени идеи, а имаат можност за директна работа и совети од реномирани ментори, експерти во повеќе области.
 
 
Настанот е од натпреварувачи карактер за што се обезбедува разновиден награден фонд. Оваа година Маратонот е член и на светската лига на хакатони, Major League Hacking што истовремено значи и интернационални признанија за учесниците.
 
Покрај Маратонот во програмирање, оваа година Codefest вклучува и еднодневна технолошка конференција како и бизнис експо - изложбен простор за компании и организации.
 
Во прилог може да ја погледнете официјалната покана за учество. Од оваа година за прв пат нудиме и можност за евалуација на идеите на тимовите кои сакаат да добијат совети и мислења за своите идеи пред истекот на рокот за аплицирање (15ти март).  Ова се реализира со испраќање барање за состанок до тимот на Codefest, по што се закажува термин за состанок до 10ти март. Повеќе детали за ова има во самата покана. 
 
За дополнителни информации испратете порака на hello@codefest.eu