Речиси експонецијалниот раст на светската “smartphone” заедница последично влијае на зголемениот раст на потребата од мобилни апикации. Овие фактори отвораат нови прозорци со можности за искористување на тој пазар од страна на програмерите од сите страни на светот. Имајќи ги во предвид овие светски трендови ЕЕСТЕК ЛК Скопје заедно со СП ФИНКИ како ко-организатор, организира напредна работилница на тема развој на мобилни апликации се со цел насочување на младите студенти по информатички науки кон оваа перспективна IT гранка.

 
 

Code App, level Up 2” е семинар и практична работилница која има за цел да понуди квалитетни обуки од три области:

Развој на мобилни апликации:
Во овој модул ќе се работи на програмерскиот дел – самото кодирање на апликацијата во мобилните платформи – Android и iOS. Учесниците ќе имаат соодветни предзнаења, кои ќе бидат надополнети од стручен кадар за време на предавањата. Тие стекнати вештини потоа ќе ги применуваат во работилниците каде ќе работат на конкретни апликации.

Дизајн на мобилни апликации:
Овој модул ќе се занимава со целосниот надворешен изглед на апликацијата и како таа да се направи user-friendly. Тука ќе се поттикне креативноста на учесниците, но поткрепена со новите стекнати знаења од предавањата.

Претставување на истите на пазарот (претприемништво):
Бизнис делот е неизбежен при лансирање на било каков продукт. Поради сè поголемиот раст на бројот на мобилни апликации кои излегуваат на пазарот, потребно е развивачите на истите да подготват и стратегии за како нивниот продукт да преживее што подолго на пазарот и да ја победи конкуренцијата. Учесниците ќе бидат обучувани од експерти во оваа област.  

Стекнатото знаење учесниците можат да го искористат за понатамошна надоградба на нивните програмерски вештини, стекнати во областа развој, но и комуникациските вештини стекнати во областа претприемништво. Работилницата има и за цел да ги поттикне учесниците активно да продолжат со создавање на високо квалитетни мобилни апликации во понатамошниот професионален живот. “Code App, Level Up 2” е напредна работилница од интернационален карактер во кој што учесниците од Македонија ќе имаат можност да остварат соработка со студенти од цела Европа и да разменат знаење и идеи.

Апликацијата за Македонските учесници е пуштена денеска и ќе трае до 29 ноември.

Настанот е поддржан од страна на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, и истиот ќе се одржни на Факултетот во периодот од 8 до 14 декември.

Заинтересираните може да аплицираат за учество на овој линк.