БЕСТ Скопје ги повикува сите студенти на првиот редовен состанок за нови членови во склоп на оваа академска година. Состанокот ќе се одржи на 25.09.2014 (четврток), со почеток во 20 часот, во Амфитеатарот на Машинскиот факултет во Скопје.

На истиот накратко ќе се објаснат визијата и мисијата на оваа студентска организација, претстојните настани (Регионалниот состанок и Инжинерскиот Натпревар - EBEC) и секако можностите и опциите кои ги нуди БЕСТ за студентите.

Покрај тоа, ќе се одржи и кратка презентација на академските курсеви ширум Европа кои ги организира БЕСТ, како да аплицирате и кои услови треба да ги задоволувате за да бидете дел од истите.

БЕСТ потсетуваат дека овие курсеви за студентите се сосема бесплатни, со исклучок на патните трошоци и се одлична можност да патувате, стекнете нови пријателства и воедно да научите нови работи и да го збогатите вашето CV.

Настанот на Facebook можете да го пронајдете на следниот линк: https://www.facebook.com/events/802621063121640/

Повеќе информации за БЕСТ можете да најдете на нивната веб страна: http://best.org.mk/ 
 
 
 /> </div>
</body></html>