Додипломски студии
Во согласност со
Конкурсот за запишување студенти на прв циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во учебната 2012/13 година, пријавувањето на кандидатите за првиот уписен рок на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство ќе се одржи на
16 и
17 август 2012 година. Пријавувањето за вториот уписен рок на ФИНКИ ќе се одржи на
3 и
4 септември 2012 година, а пријавувањето за третиот уписен рок на
17 септември 2012 година.
На ФИНКИ, во сите уписни рокови, ќе можат да се запишат матурантите кои ги имаат положено
соодветните екстерни и интерни предмети од матурата, кои се пропишани со Конкурсот, но и матурантите кои имаат несоодветни екстерни и интерни предмети. Во согласност со Упатството на УКИМ за примена на Конкурсот, матурантите кои ги немаат положено соодветните екстерни и интерни предмети ќе имаат различна формула за пресметка на поените од матурата и успехот од средно образование - кај нив несоодветните екстерни и интерни предмети ќе се множат со фактор 1, наместо со фактор 2 за екстерни, односно фактор 1,6 за интерни предмети, што е случај кај матурантите со соодветни предмети од државната матура.
Потребните екстерни и интерни предмети за запишување на ФИНКИ се дадени во делот
Потребни предмети.
За пресметка на бодовите од матура со кои можете да конкурирате во уписните рокови, можете да го користите online калкулаторот кој е дел од
Порталот за идни студенти на ФИНКИ.
Согласно Конкурсот, Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство во учебната 2011/2012 година ќе запише вкупно 1020 студенти. Заинтересираните матуранти ќе можат да одберат да се запишат на една од следните студиски програми:
Студиски програми од прв циклус на ФИНКИ (3+1+1) (воведени во 2011 година)
Студиски програми пренесени од Институтот за компјутерска техника и информатика на ФЕИТ
Студиски програми пренесени од Институтот за информатика на ПМФ
Покрај изборот на студиската програма, матурантите, односно студентите на ФИНКИ, ќе имаат можност за избор на конкретен профил во кој би се специјализирале. ФИНКИ ги нуди следните профили за специјализација:
- компјутерска едукација
- софтверско инженерство
- информатички науки
- хардверско инженерство и систем на чип
- паралелно процесирање
- интелигентни системи и роботика
- мултимедија, компјутерска графика и визуелизација
- информациски системи
- проектирање и управување со ИКТ системи
- комуникациски технологии
- интернет програмирање
- безжични и мобилни системи
- менаџмент на информациони системи
- е-бизнис технологии
- управување со иновации
- е-општество
За помош при изборот на студиска програма и профил, матурантите можат да го погледнат
Водичот за студирање на ФИНКИ, во кој е даден детален опис на начинот на студирање.