Пријавувањето на испитите на ФИНКИ за прв циклус на студии за јунскиот испитен рок 2016/2017 година ќе се одвива во периодот од 10.05.2017 – 26.05.2017 година.
 
Согласно новата процедура на ФИНКИ за полагање на испити, сите студенти мора задолжително за време на полагањето на испитот (вклучувајќи полагање и на втор колоквиум) со себе да носат хартиена пријава. Право на полагање на испит ќе имаат само оние студенти кои ќе имаат уредна електронска пријава во системот iKnow и на денот на полагањето со себе ќе имаат хартиена пријава, а во спротивно нема да им се дозволи да го полагаат испитот. Целта е на студентите да им се олесни процедурата на добивање оценка во хартиена пријава на крај на секоја сесија и да се елиминира проблемот со студентски досиеја во кои недостигаат голем дел хартиени пријави за положени испити, особено пред дипломирање.
 
Хартиената пријава се купува во околните книжари, скриптари и други продажни места за студентски документи. Истата треба да има потврда за платена административна такса од 50 МКД (електронски, според ова упатство, при што се запишува трансакцискиот број добиен со СМС порака во горниот десен агол на предната страна на пријавата или прикачена уплатница која е достапна тука за уплатена административна такса) (шифрарникот на општини е достапен тука).
 
Се пријавуваат сите испити кои студентот планира да ги полагаа во сесијата. Студентите кои предметите ги полагаат преку колоквиуми, исто така треба да ги пријават електронски и за време на вториот колоквиум со себе да носат хартиена пријава. Студентите кои ќе полагаат втор колоквиум, меѓутоа нема преку колоквиуми да го положат целосниот испит, ќе мора во терминот за испит повторно да донесат хартиена пријава во која може да ја искористат административна такса на претходно доставената пријава при полагање на втор колоквиум.
 
Сите студенти на ФИНКИ испитите ги пријавуваат на ФИНКИ, без разлика каде ги слушале. Студентите плаќаат по 400,00 ден. казна за задоцнето пријавување испит ако електронски не го пријават испитот во дефинираниот рок.
 
Електронското пријавување на испити се врши со најавувањето на централниот автентикациски сервис на ФИНКИ (CAS) преку адресата: http://finki.iknow.ukim.edu.mk. Пријавувањето на проблем се врши преку тикет системот, на адресата http://help.students.finki.ukim.mk. При пријавувањето на проблем задолжително изберете тема: Пријавување испити, бидејќи така се гарантира дека вашиот проблем ќе биде проследен на вистинското место во најкраток рок. Кратко упатство за користење на системот може да најдете тука.
 
Деканат на ФИНКИ, Скопје, 10.05.2017